Лионел Меси повторно беше стрелец на гол за својот клуб Интер Мајами. Сепак погодокот на Аргентинецот не му помогна на тимот од Флорида да избегне пораз.
Интер Мајами загуби од Атланта јунајтед со 1:3, но остана лидер на табелата во Источната конференција на МЛС лигата.
Меси во 62-та минута на прекрасен начин ја погоди противничката мрежа и израмни на 1:1. За него тоа беше 11-тиот гол сезона во МЛС лигата.
Сепак во продолжението, до крајот на натпреварот, тимот на Дејвид Бекам прими уште два гола и го претрпе третиот пораз.