Екипата на ЖФК Љуботен и официјално се шампиони во Прва женска фудбалска лига за сезоната 2023/2024.
Тетовскиот тим со освоени 72 бода, еден повеќе од второпласираната екипа на ЖФК Каменица Саса стигна до шампионскиот трофеј.
Со тоа екипата на Љуботен сезоната ја заврши со двојна „круна“. Претходно тетовки триумфираа и во финалето на Купот совладувајќи го ривалот Каменица Саса со 1:0.
ЖФК Цевитана во наредната сезона ќе настапува во Втората ЖФЛ, додека шампионот на Втората ЖФЛ, екипата на Атлетико обезбеди директно учество во Првата ЖФЛ за сезоната 2024-2025.
На бараж натпреварот за пополнување на Првата ЖФЛ, екипата на Топ Гол славеше победа со убедливи 6:0 над Вардар и наредната сезона повторно ќе настапува во Првата лига за жени.