Фудбалерот на Реал Мадрид, Џуд Белингем, е прогласен за најдобар играч во шпанската Ла Лига. Англискиот репрезентативец кој одигра 28 натпревари за „Кралскиот“ ” клуб сезоната ја заврши со 19 голови и имаше 6 асистенции.
Минатата година Белингем ја доби наградата за најдобар играч во Бундеслигата, а сега истата награда ја заслужи и во својата дебитантска сезона во Шпанија.
„Оваа награда ја посветувам на моите соиграчи и стручниот штаб бидејќи нивната поддршка и верба во мене многу ми помогна“,
изјави Белингем.
Во сите натпреварувања Англичанецот забележа 41 натпревар, со 23 гола и 12 погодоци. Неговиот договор со Реал е до 2029 година.