Иако сезоната во женската ракометна Супер лига заврши викендов, екипата на
Металург Автокоманда започна да го создава тимот за наредната сезона.
Анастасија Трпевска го продолжи договорот со тимот на Металург Автокоманда. Анастасија игра на позицијата пивот и оваа сезона се покажа во одлична форма. Младинската репрезентативка претходната сезона стана дел од екипата на Металург. Претходно настапуваше за тимот на Ѓорче Петров.
Металург ги претстави и новите засилувања потпишаа пикерот Александра Коловска, сестрите Коцеви и Анастасија Величковска. Тимот на Металург воедно ги продолжи договорите и со Миновска и Беровиќ.
Од екипата на Металург Автокоманда оваа сезона си замина само една ракометарка Мила Трајковиќ која игра на позицијата лево крило.
Металург Автокоманда сезоната ја заврши на третото место.
Ивона Кимовска