Борјана и Бојана Коцеви се новите засилувања во тимот на Металург Автокоманда.
Претходно тие беа дел од тимот на Вардар каде се сметаа за едни од клучните играчи во екипата.
Близначките Коцеви потекнуваат од ракометната школа на Вардар каде ги поминаа сите младински категории.
Борјана игра на десната и левата бековска позиција , додека Бојана настапува на позицијата среден бек.
Сестрите Коцеви имаат настапувано и за младинските репрезентации, а во неколку наврати беа повикани и за сениорска репрезентација.
Претходно Металург потпиша со пикерот Александра Коловска, додека ги продолжи договорите со Миновска и Беровиќ.
Од тимот на Металург Автокоманда оваа сезона си замина само една ракометарка Мила Трајковиќ која игра на позицијата лево крило.
Металург Автокоманда оваа сезона во Женската лига заврши на третото место.
Ивона Кимовска