По вчерашното официјално спуштање на завесата на сезоната во мак-фудбалот, со бараж дуелот за Првата лига, сега следува одмор за македонските фудбалери. Но, не за сите, односно не за оние кои се се повикани во репрезентацијата.
Имено денеска, селекторот Благоја Милевски ќе прави прозивката. Точно на пладне Милевски ги очекува повиканите кои, кои се на неговиот список за дуелите со Хрватска и Чешка.
„Рисовите“ ќе спарингуваат со Хрватите на 3 јуни, во Ријека, а со Чешка во Храдец Кралове на 10 јуни.
За Македонија ова ќе бидат подготвителни натпревари за пристојниот нов циклус натпревари во Лигата на нациите што почнува во септември.
Хрватите и Чесите пак ќе се подготвуваат за настап на Европскиот шампионат во Германија што стартува на 14 јуни.
На списокот на Милевски се 27-мина фудбалери, истите кои ги одиграа контролите со Црна Гора и Молдавија во Анталија.