Младата македонска тенисерка Сара Митевска постигна одличен резултат со пласманот во финалето на турнирот во Бургас, Бугарија за тенисерки до 14 години на турнир од категорија 1. Таа успеа да стигне до финалето каде беше поразена од подобрата во финалниот меч Андреа Лола Поповиќ од Франција со 2-1 во сетови (61 63 64).

На патот до финалето Митевска, која беше рангирана како седма носителка постигна четири победи и тоа сите на убедлив начин. Во првата рунда беше слободна, а во второто коло ја совлада Николета Најденова од Бугарија со 2-0 во сетови (60 61), во следната рунда беше подобра од Раја Маркова од Бугарија со 2-0 (62 62). Во четвртфиналето ја победи Рада Колева, домашната тенисерка со само два загубени гема 2-0 (61 61), додека во полуфиналето беше поуспешна од Украинката Анастасија Николаиева со 2-0 (63 63).

Успешен настап на Ј60 Подгорица турнирот во конкуренција на двојки имаше и македонскиот млад тенисер Александар Трифуновски, кој заедно со Димитар Кисимов од Бугарија турнирот во двојки го завршија како победници.