Жоел Шварцлер е победник на годинашново издание на Македонија опен.

18 годинашниот Австриецот во финалето за 1 час и 21 минута во два сета со идентични 6-3 и 6-3 го победи Полјакот Камил Мајхчак.

Победникот Шварцлер за триумфот во Скопје добива 75 поени, а го збогати и своето парично конто за 10.200 евра. Финалистот Мајхчак ќе добие 44 поени и 6.015 евра.

Ви игра на двојки триумфираа Американците Рајан Сигерман и Патрик Трхач кои финалето со 2:0 во сетови ги совладаа Чесите, Ендрју Полсон и Патрик Рикл.

За Американците ова е трет триумф Челинџер турнирите годинава.

ФОТО: ИГОР ПАНЕВСКИ