На задоволство на домашната, шпанска публика, Алеш Еспаргаро, ја потврди доминацијата во Барселона.
Откако утринава блескаше во квалификациите за Големата награда на Каталонија во Мото ГП шампионатот, тој победи и на попладневниот спринт.
Возачот на Априлија во квалификациите постави нов рекорд на патеката крај Барселона и ja обезбеди својата прва пол-позиција сезонава.
Зад него во првиот стартен ред на утрешната трка ќе бидат актуелниот шампион Италијанецот, Фраческо Бањаја и Јужноафриканецот, Бред Дендер.
Во спринт трката, Еспаргано одново беше најбрз и зад себе ги остави сонародниците Марк Маркез и Педро Акоста.
Утре од 14 часот е закажан стартот на Гранд-прито на Каталуња.