Американците Рајан Сигерман и Патрик Трхач се победници на годинашново издание на Македонија опен. Тие во финалето 2-0 во сетовиги совладаа Чесите, Ендрју Полсон и Патрик Рикл за еден час и 16 минути игра.
Првиот сет тие го добија со 6:4, а клучниот брејк за предност во сетот го направија во четвртиот гем. Во вториот сет секој од двојките го освојуваше гемот на свој сервис се до резултат 5:5. Тогаш Сигерман и Трхач направија брејк, но не го задржаа до следниот гем кога на сервис. Чешката комбинација успеа да изедначи и да се избори за тај-брејк. Во него, без многу проблеми Сигерман и Трхач дојдоа до предност и го завршија сетот со 7:4 на поени.
Со победата во Скопје, Американците, Сигерман и Трхач ја потврдија фаворитската улога за нивниот освен Челинџер турнир годинава.
Финалето во поединечна конкуренција и Камил Мајхчак и Јоел Шварцлер.
ФОТО: ИГОР ПАНЕВСКИ