Најдобрата македонска тенисерка одигра само еден меч на терените на Роланд Гарос. Ѓорческа е елиминирана во првата квалификациска рунда од домашната тенисерка Марго Рувроа.

Во мечот што траеше 2 часа и 12 минути, Французинката победи со 2:1 во сетови.

Лошо одигра Ѓорческа во првиот сет. Загуби четири гема на свој сервис, па Французинката го доби сетот со 6-2.

Во вториот кој траеше речиси еден час, двете тенисерки не беа сигурни на свој сервис. По голема борба тетовката го стоби сетот со 7-5, за израмнување на 1:1.

Во решавачкиот трет сет како да снема сили Ѓорческа па противничката го искористи тоа и брзо го приведе сетот во своја полза со 6-3, а мечот со 2:1.