Репрезентацијата на Хрватска со проверени сили ќе патува на ЕУРО 2024 во Германија. Селекторот Златко Далиќ ќе патува со најсилен состав и ќе атакува висок пласман после бронзата добиена во Катар пред 2 години.

Капитенот Лука Модриќ во неговото последно европско првенство ќе ги предводи „коцкестите” во нов поход кон успех на големата сцена.

ПОШИРОК СОСТАВ НА ХРВАТСКА ЗА ЕУРО 2024

ГОЛМАНИ: Доминик Ливаковиќ, Ивица Ивушиќ, Недиљко Лабровиќ

ОДБРАНА: Домагој Вида, Јосип Јурановиќ, Јошко Гвардиол, Борна Соса, Јосип Станишиќ, Јосип Шутало, Мартин Ерлиќ, Марин Понграчиќ

СРЕДЕН РЕД: Лука Модриќ, Матео Ковачиќ, Марцело Брозовиќ, Марио Пашалиќ, Никола Влашиќ, Ловро Мајер, Лука Иванушец, Лука Сучиќ, Мартин Батурина

НАПАД: Иван Перишиќ, Андреј Крамариќ, Бруно Петковиќ, Марко Пјаца, Анте Будимир, Марко Пашалиќ

На стенд бај повикани се: Борна Баришиќ, Дује Чалета-Цар, Кристијан Јакиќ, Доминик Котарски, Тони Фрук, Марин Љубичиќ, Игор Матановиќ, Бико Кристиан Сигур, Петар Сучиќ.

Селекторот Златко Далиќ ќе има задача да ги оправда хрватските надежи во „групата на смрта” на ЕУРО 2024. Хрватска ќе проба да се избори за место против актуелниот европски првак Италија, репрезентацијата на Шпанија и против Албанија која никако не смее да се потцени.

Хрватите се надеваат на голем успех како големо испраќање за нивниот голем капитен Лука Модриќ.

Како дел од подготовките Хрватите ќе одиграат и контролен натпревар против репрезентацијата на Македонија, на 3 јуни 2024 во Риека.