Далас Маверикс стигна до голема победа со пресврт против Оклахома Сити Тандер од 117-116 за конечни 4-2 во 1/2 финалето на Западната конференција.
Вистинска драма се одвиваше во последните неколку минути каде и двете екипи се менуваа во водството. Сепак домаќините беа посреќни и на крајот ја добија драмата за пласман во финалето на Западот.
Оклахома Сити беше далеку подобра екипа во првото полувреме, кое го доби со 17 поени разлика, но Далас не се откажа до крајот и со голем пресврт одигра за своите навивачи и во тоа успеа на крајот.
Словенецот Лука Дончиќ трет натпревар во низа стигна до трипл-дабл учинок со 29 поени, 10 скока и асистенции.
Погоди девет од 15 удари од поле, вклучувајќи четири тројки во шест обиди. Тој имаше одлична поддршка од Кајри Ирвинг и Дерик Џонс Јуниор, кои додадоа по 22 поени.
Сепак, натпреварот го реши Пи Џеј Вашингтон од линијата за слободни фрлања во возбудливата завршница.
Во составот на Оклахома најдобар беше Гилџус Александер со 36 поени.
Далас во финалето ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Денвер и Минесота кој вечерва ја играат мајсторката.