Во борба за Куп пехарот кај жените попладнево ќе играат тимовите на Чаир и на Ѓорче Петров. За Ѓорче Петров ова финале ќе биде шанса да се освои 17-та титула во ова натпреварување.
Натпреварот е закажан со почеток од 16:00 часот во спортската сала ,,Борис Трајковски”. Судии на дуелот се, Александар Вукашиновски и Марко Трајковски, додека делегати се: Лери Мирчевски и Љупчо Јаневски.
Во првото полуфинале Ѓорче Петров за противник го имаше тимот на Куманово. Ракометарките на Ѓорче Петров максимално влегоа во натпреварот и не му оставија никакви шанси на противникот и лесно дојдоа до победа со максимални 31:14.
Чаир во полуфиналето успеа да го совлада тимот на Вардар со 32:28. Чаирчанки во текот на целиот натпревар имаа предност и без проблем успеаја да стигне до финалето. За екипата на Чаир ова ќе е доплнителна мотивација бидејќи ова е нивно прво финале во Купот.
За сите љубители на ракометот кои би сакале да го гледаат натпреварот во живо цена на картата е 200 денари.
ИВОНА КИМОВСКА