Вечерва во Ријад, Саудиска Арабија, ќе се случи долго очекуваниот боксерски спектакл. На настанот именуван како „Огнениот ринг“, ракавиците ќе ги вкрстат шампионите Тајсон Фјури и Олександр Усик.

Долго очекуваниот меч за обединување на шампионските титули во тешка категорија конечно ќе се случи.

Борбата требаше да одржи во февруари, но беше одложена откако Фјури заработи расекотина на лицето за време на една подготвителна (спаринг) борба, па беше принуден да го одложи мечот.

36-годишпниот Британец, Фјури, е актуелен шампон во „ВБЦ“ верзијата. Популарниот „Џипски Кинг“ досега е не поразен. Од 34-те борби дури 24 ги решил предвреме со нокаут.

Од другата страна, 37-годипиот Украинец, Усик, кој е шампионот според во четири верзии (ВБА, ИБФ, ВБО и Ринг), исто така досега е не поразен. Тој зад себе има 21 борба од кои 14 ги реши со нокаут.

Влогот во вечерашната борба е огромен. Победникот ќе биде апсолутен шампион во тешка категорија, односно ќе ги обедини сите титули.

Тоа претходно му успеа на Ленокс Луис во пред 25 години (1999) кога го совлада Ивандер Холифилд.

Спектаклот во Ријад ќе почне од 18 часот, со повеќе пред борби во останатите категории. Главниот меч меѓу Фјури и Усик според најавата е на полноќ.