Ракометарите на Алкалоид се изборија за првото куп финале откако во второто полуфинале одиграно вечерва го совладаа ланскиот победник на Купот на Македонија Вардар со 25:24.

Почетокот на дуелот беше во знак на Вардар кој имаше минимална предност. Кон средина на првиот дел Алкалоид успеа да израмни и на полувреме имаше предност.

Во вториот дел избраниците на Кирил Лазаров постојано имаа водство, а во неколку наврати и од три разлика. Сепак во неизвесна завршница најпрво голманот на Алкалоид Галевски имаше две врзани одбрани, а потоа одбрани и Томовски.

Во последната минута нападот на Алкалоид траеше долго и пасивно, а Томовски одбрани уште еднаш при водство на Алкалоид од 25:24. Вардар имаше 16 секунди за изедначување во напад 7 на 6. Косуоке избори удар од 7 метри. Галевски го одбрани седмерецот на Срдановиќ за победа на Алкалоид  25:24.

Во неделното финале Алкалоид ќе игра против Еурофарм Пелистер со почеток од 19 часот.