Најдобрите ракометни македонски судии Славе Николов и Ѓорѓи Начевски добија уште едно големо признание. Денеска Европската ракометна федерација објави дека, Македонците ќе ја делат правдата во финалето на Лигата на шампионите.
Николов на својот Фејсбук профил напиша „КОНЕЧНО“…
Тој алудира дека, ЕХФ конечно се реши токму нив да ги делегира за мечот што ќе решава за шампионскиот трофеј во елитното натпреварување.
Тие зад себе имаат бројни финалиња, на Светските и Европски првенства, но и Олимписки игри, а летово повторно ќе бидат дел од арбитрите на Олимпијадата во Париз.
„Фајнал-форот“ во машката ракометна Лига на шампиони традиционално се игра во „Ланксес Арената“ во Келн. Натпреварите на програмата се на 8 и 9 јуни.