Актуелниот шампион на Ѓорче Петров очекувано е првиот финалист во женска конкуренција, во Купот на Македонија.
Во првиот полуфинален дуел на завршниот турнир што се игра во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, „Лавиците“ од Ѓорче во полуфиналето го надиграа бранителот на трофејот од минатата година Куманово и обезбедија финале.
Кумановки беа рамноправни само во воведните десетина минути, кога имаа само гол негатива. Шампионките со серија од четири гола се одлепија и поведоа со 8-4, а на одмор заминаа со +6 (11-5). Вториот дел мина во апсолутна доминација на Ѓорче Петров тим кој на крајот славеше со убедливи 31-14
Пет ракометарки во победничката екипа постигнаа по четири голови, а еден повеќе од нив имаше Сузана Зечевиќ за Куманово, која беше најефикасна на натпреварот.
Ѓорче Петров обезбеди ново финале во кое ќе атакуваат на 17-тата титула. Кој ќе биде нивни противник во финалето закажано за во недела (16 часот) ќе дознаеме утре. Имено за утре е закажан вториот полуфинален меч кај дамите во кој од 17 часот ќе играат Вардар и Чаир.
А, од 19.30 часот почна првото полуфинале во машка конкуренција. Во него играат актуелниот шампион Еурофарм Пелистер и кавадаречки Тиквеш.
Утре во истиот термин, ќе се игра второто полуфинале, Во него бранителот на трофејот и рекордер во ова натпреварување Вардар за противник ќе го има Алкалоид.
Машкото финале на програмата е во недела од 19 часот.