Доктор Сашко Кедев покрај тоа што е врвен професионалец во својата докторска професија, тој е и еден од најдобрите македонски алпинисти.

Доктор Кедев, само една недела откако го искачи врвот Макалу, тој вчера го освои освои и четвртиот највисок врв на светот. Станува збор за врвот Лоце на Хималаите кој е на надморска височина од 8.516 метри.

Следна негова цел ќе биде врвот третиот највисок врв во светот Канченџунга на 8.586. метри.

Сашко Кедев има исклучителна „колекција“ на искачени врвови и освоено 10 од 14 врвови над 8.000 метри.

Монт Еверест (8.848),
К2 (8.611),
Лоце (8.516),
Макалу (8.463 метри),
Чо Оју (8.188),
Далагири (8.167),
Манаслу (8.163),
Нанга Парбат (8.126),
Анапурна (8.091),
Броуд Пик (8.051).