Ако веќе нема активности на спортските терените ширум Македонија, денеска, е ден за клупски соопштенија и реакции.
Следно во низата е соопштението на ракометниот шампион Еурофарм Пелистер. Битолчани уште еднаш реагираат за промената на термините за одигрување на натпреварите во Купот на Македонија.
Од таборот на зелено-белите потенцираа дека за нерегуларноста ќе ги информираат меѓународните ракометни институции.
„Жалосно е ова што се случува и уште пожалосно е што се наметнува негативно и арогантно однесување кое нема никаква врска со спортот и фер-плеј однесувањето.
Бидејќи претходно ги исцрпивме сите можности кои ни се на располагање во нашата држава за да влијаеме на поништувањето на оваа срамна одлука, ceгa единствено ни преостанува да ги информираме меѓународните ракометни институции за случувањата кај нас.
Се надеваме дека на тој начин барем малку ќе придонесеме одлуките да се носат согласно позитивните законски регулативи и во соработка и дијалог со сите засегнати страни а не со непосредни договори пpeкy телефон пoмeѓy ограничен број на “засегнати страки”,
се вели меѓу другото во соопштението на Еурофарм Пелистер.