Ниту еден од македонските борачи не успеа да обезбедат норма за настап на Летните Олимписките игри во Париз што ќе се одржат летово.
Последната шанса за тоа, на квалификацискиот турнир во Истанбул, ја пропуштија Владимир Егоров и Магомедгаџи Нуров.
Тие денеска настапија во репасажот, но не успеаја да ја искористат шансата.
Егоров кој се бореше во категоријата до 57 кг. против Кинезот, Ванхао Зоу. Во самиот финиш при водство на противникот со 0:7, поради повреда ја предаде борбата.
Нуров пак во категоријата до 97 килограми за противник го имаше Могамед Ибрагимов од Узбекистан. При резултат 2:2 тој заработи казнен поен, па противникот славеше триумф.