Ракометарките на Ѓорче Петров се старо-новите шампионки на Македонија.
Ова откако попладнево „Лавиците“ од Ѓорче славеа убедлива победа над екипата на Шампиони со 64-12.
На две кола до крајот на Ѓорче Петров има недостижни девет бодови повеќе од екипата на Чаир која е на второто место на табелата.
За тимот на Ѓорче Петров ова е трета шампионска титула во низа (2022, 2023 и 2024). Како наследник на Кометал ЃП, за овој ракометен колектив тоа е вкупно 20-та титула шампион на Македонија.