Последен ден натпревари на 59-тото Европско карате првенство што се одржува во Задар. Македонија има шанса да се израдува на медал и тоа златен.

Михаела Мишовска ќе настапи во финалето во борби во категоријата -50 килограми. Таа за противничка ќе ја има домашната каратистка, Ема Сгардели. Борбата е закажана за попладнево по 18.30 часот.

А, во првиот дел од денешната програма, настапи Петар Заборски. Тој во својата категорија -75 кгр. во дуелот за бронзениот медал, беше поразен од португалскиот репрезентативец Тијаго Дуарте