Петмина македонски борачи бркаа виза за настап на Олимписките игри во Париз што ќе се одржат летово. На олимпискиот квалификациски турнирот во Истанбул, ниту еден од македонските борачи не успеа да стигне до полуфиналето.
Најблиску до него беше Владимир Егоротв кој во категоријата 57 кг. стигна до четвртфиналето. Егоров во првото коло го победи Педро Хесус Мехијас Родригез од Венецуела со 6-0, по што во соминафинале беше подобар од Епп Томас од Швајцарија со 8:0. Во четвртфиналната борба Егоров загуби со технички туш (12:2) од Американецот, Спенсер Ричард Ли.
Во категоријата дои 86 килограми, Ахмат Могамедов без борба се пласира во осминафиналето. Ова откако неговиот противник во 1.коло Магомед Шарипов од Бахреин, поради повреда го предаде мечот. Могамедов во 1/8 финале беше поразен со 6-4 од Германецот, Ларс Шефл.
И Магомедгаџи Нуров (97 кг) е елиминиран во осминафиналето. Тој во првата рунда беше убедлив во дуелот со Дипак Дипак, Индија (5:1). Во 1/8 финале во кое за противник го имаше Германецот, Ерик Тиле од Германија, до последните секунди Нуров беше во предност, но со казнен поен тој ја загуби борбата иако резултатот гласеше 1:1.
Расул Шапиев (74 кг) немаше среќа, па и покрај водството од 3:0 во дуелот со Луис од Канада го предаде мечот поради повреда.
Убедлив пораза (0:11) во првата рунда претрпе Бесир Алили (65 кг) од Турчинот, Ахмед Думан.