Во рамките од 24 коло од женската Супер лига овој викенд ќе се одиграат седум натпревари. Ова коло не ни носи дерби натпревари, па така се очекува фаворитите лесно да стигнат до посакуваните бодови.

Точно напладне денес ќе се одиграат три натпревари. Спартак гостува кај тимот на Вардар, додека Астибо ќе ја пречека екипата на Деспина во Штип. Гевгелија за противник го има тимот на Чаир. Еден час подоцна ќе почне последниот натпревар за денес, а во него, во Свети Николе, ќе играат екипите на Овче Поле и Скопје.

На утрешната програма се закажани три натпревари.
Актуелниот шампион Ѓорче Петров ќе го пречека тимот на Шампион во ,,Христо Батанџиев”. Ѓорче важи за апсолутен фаворит, па победата не треба да е под прашање. Со неа „Лавиците“ од Ѓорче ќе го потврди освојувањето на шампионскиот трофеј. Куманово игра против тимот на Стружанка, а Металург Автокоманда гостува кај Пелистер во Битола.

СУПЕР ЛИГА (ЖЕНИ) – 24.КОЛО
САБОТА

12:00 ВАРДАР – СПАРТАК
12:00 ГЕВГЕЛИЈА – ЧАИР
12:00 АСТИБО – ДЕСПИНА
13:00 ОВЧЕ ПОЛЕ СУ – СКОПЈЕ
НЕДЕЛА
12:00 ШАМПИОН – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ
14:30 КУМАНОВО – СТРУЖАНКА
17:00 ПЕЛИСТЕР – МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА

ТАБЕЛА: Ѓорче Петров 67 бодови, Металург Автокоманда 58, Чаир 58, Вардар 55, Куманово 51…

Ивона Кимовска