Англискиот шампион Манчестер Сити беше предилен за екипата на Фулам. Со гостински триумф од 4:0 „граѓаните” го презедоа првото место на табелата од Арсенал.
Првото полувреме го одбележи голот на Јошко Гвардиол. Хрватот во 13.та минута погоди по асистенција на Кевин Де Брујне.
Во вториот дел Сити почна да доминира уште повеќе. Фил Фоден во 59.та минута стрелаше за 2:0, а Јошко Гвардиол зголеми на 3:0 во 71.та минута со својот втор гол. Хулијан Алварез во 97.та минута ги постави конечните 4:0, откако беше прецизен од белата точка. Иса Диоп доби црвен картон во екипата на Фулам во 96.та минута.
Местер Сити сега го мина Арсенал и е во пол позиција за шампионското крунисување во Англија. Со 85 бода Манчестер Сити е лидер во Премиер Лигата, а има два бода повеќе од Арсенал.