Екипата на Болоња со новата победа само ја потврди одличната форма и сезоната од сонишатата.
Тимот на Тијаго Мота со цел плен се враќа од гостувањето во Неапол откако со 2-0 славеше над домашната екипа на Налоли.
Мечот беше решен уште на самиот старт кога во 9-тата минута Ндоје погоди за 0-1 за Болоња. Само три минути подоцна веќе беше 0-2 откако Пош уште го матираше Мерет.
Наполи имаше одлична можност да намали на 1-2 во 21-та минута, но Политано беше непрецизен од пенал линијата.
Потоа се редеа шансите на домашниот тим на никако да ја погодат мрежата на Болоња.
Истиот резултат беше и на крајот на мечот за нови три големи бода за Болоња во дербито на 36-тото коло на Серија А.
Со 67 бода Болоња го прескокна Јувентус на третото место во Серија А кој има 66, кој има меч помалку оној кој треба да го игра со отпишаната Салернитана.
Вечерва на програмата се игра и дуелот помеѓу Милан и Каљари.