Во Истанбул, Турција од денеска до недела ќе се одржува светскиот олимписки квалификациски турнир во борење. Тоа е последната шанса за макеоднските борачи за изборат настап на Олимпијадата во Париз летово.

Боите на Македонија ќе ги бранат седуммина борачи, кои денеска ги дознаа своите противници.

Жени
53 кг Вероника Рјабоволова – Фабијана Ринела, Италија
57 кг Марија Цветанова – Евелина Хултен, Шведска

Мажи
57 кг Владимир Егоров – Педро Хесус Мехијас Родригез, Венецуела (1/16.финалe)
65 кг Бесир Алили – Ахмед Думан, Турзија (1/32)
74 кг Расул Шапиев – Луис, Канада / Цуркан, Украина (1/16)
86 кг Ахмат Могамедов – Магомед Шарипов, Бахреин (1/16)
97 кг Магомедгаџи Нуров – Дипак Дипак, Индија (1/16)