Екипата на ПСЖ со гол негатива влегува во реванш полуфиналниот дуел со Борусија Дортмунд во Лигата на Шампионите. Иако „Милионерите” не се екипа како што некогаш беа, не треба да се отпишуваат од ниедно натпреварување.

Сепак, тренерот на Парижаните, Луис Енрике верува дека неговиот тим ќе игра во финалето

„Цел е да победиме, но ако викате да победиме со 2 гола тоа е голем предизвик.
Можеме да дадеме два гола во две минути и да примиме одма потоа гол, бидејќи се е возможно.
Мораме да сме 100% фокусирани и на одбраната и на нападот.
Ако први примиме гол не смееме да дозволиме паника. Ако дадеме два брзи гола треба да сме спремни на реакција на противникот“, изјави Енрике.

Шпанецот, не пропушти малку и да се пошегува, но со огромна доза на самодоверка најави:

„Јас на француски знам само да изговорам ‘on va gagner’, но тоа значи ќе победиме”

Луис Енрике верува во својот ПСЖ, исто како што Един Терзиќ верува во Дортмунд.

„Светците“ знаеле да доаѓаат до пресврти и знаеле да триумфираат над Германци во Лигата на Шампионите.

На дуелот меѓу ПСЖ и Дортмунд во групната фаза оваа година во Лигата на Шампиони на „Паркот на Принцовите” заврши 2:0 за домаќините резултат кој сега би им бил најповолен.