ЕХФ денеска ги одреди двојките од полуфиналето на завршниот турнир во Лигата на ракометните шампиони што ќе се одржи во Келн.

Бранителот на тронот германски Магдебург ќе има условно полесен против во борбата за големото финале во тимот на дански Алборг.

Во второто полуфинале ќе играат гигантите Кил и Барселона, а завршниот турнир ќе се одржи на 8 и 9 јуни.

Кај дамите завршниот Ф4 турнир се игра во Будимпешта, Унгарија.

Првата полуфинална пресметка е помеѓу шведски Есбјерг и унгарски Ѓер, а во второто полуфинале ќе се сретнат француски Мец и германски Битигхајм.

Ф4 турнирот во Будимпешта кај дамите е закажан за 1 јуни.