Екипата на Борусија Дортмунд повторно го совлада Пари Сен Жермен со минимални 1:0 (2:0 вкупно) и е првиот патник во финалето на Лигата на шампионите. Последен пат Дортмунд играше финале во сезоната 2012/13 каде што противник му беше Баерн од Минхен.
Жолтиот ѕид од „Вестфален“ вечерва проработе во одбраната на теренот бидејќи „милионерите“ не дозволија ПСЖ „ни под разно“ да постигне погодок.
Единствениот погодок на натпреварот го постигна искусниот дефанзивец Матс Хумелс со глава во 50-тата минута за водство од 1:0 на својот тим.
ПСЖ имаше одлични прилики за погодок, а во самиот финиш дури два пати ја погоди пречката на голот на Кобел, но одбраната на Дортмунд беше на висина на задачата.
Борусија Дортмунд во финалето ќе го чека подобриот од дуелот меѓу Баерн Минхен и Реал Мадрид, кој ќе се одигра утре со почеток од 21:00 часот. А, дали ќе гледаме повторно германско финале во Лондон како во 2013 година или Дортмунд ќе ги добие искусните „Кралеви“ од Мадрид останува да видиме.
Финалето на „Вембли“ ќе се одигра на први јуни со почеток од 21:00 часот.