Екипа на Реал Мадрид може да почне да ја слави 36-та шампионска круна во шпанската Ла Лига. Ова откако попладнево Реал гои победи Кадиз, а Барселона загуби на гостувањето кај Џирона.
Во дербито од 34.коло и директниот дуел за второто место, екипата на Џирона со голем пресврт ја победи Барселона со 4-2.
Каталонците на два пати водеа, со головите на Кристенсен (3.минута) и Левандовски од пенал (45+1). Најпријатното изненадување сезонава не само во Шпанија туку и цела Европа, Џирона, направи комплетен пресврт. Довбик со 20-тиот гол гол сезонава израмни на 1-1 во 4.минута.
Во второто дел за само 10 минути, Барселона прими три гола. Порту (65), Гутиерез (67) и повторно Порту (75) се погрижија за 23-тата победа сезонава на Џирона.
Со овој триумф, малиот шпански клуб сега е на второто место на табелата (74 бодови) еден повеќе од гигантот Барселона (73).
Реал Мадрид пак има недостижни 87 бодови и на четири кола до крајот, „Кралскиот тим“ може да ја слави новата титула.