Ѓорче Петров ја потврди доминацијата во македонскиот женски ракомет. „Лавиците“ се на мал чекор да ја одбранија шампионската титулата на три кола пред крајот на сезоната.
Ѓорчепетровки попладнево славеа очекувано убедлива победа над последно пласираниот состав на Гевгелија.
Натпреварот мина „едно смерно“ во тотална доминација на „Лавиците“ кои уште на полувремето имаа 21 гол разлика (31-10). И пред почетокот јасен беше исходот, само не се знаеше конечниот резултат. На крајот на семафорот стоеја 51-17 за Ѓорче.
Ана Марија Коларовска кај Ѓорче постигна 10, а Симона Динева за Гевгелија 9 голови.
Сега ѓоречепетровки тие имаа 11 бодови повеќе од Чаир и Металург.
Тимот од Автокоманда во среда треба да го одира својот натпревар од оваа рунда и тоа дербито со Вардар. Доколку Металург не слави победа, тогаш Ѓорче Петров и официјално ќе ја потврди новата шампионска титула.
Ивона Кимовска