Ракометарите на Еурофарм Пелистер направија уште еден чекор поблиски до одбраната на шампионската титула. Битолчани го совладаа Тиквеш и ја зголемија предноста во однос на второ пласираниот Вардар на пет бодови.

Во натпреварот од 12-тото коло во плејоф конкуренцијата, Еурофарм Пелистер прес своите симпатизери го победи Тиквеш со 35-25.

Од самиот почеток домаќините ја имаа контролата на резултатот, брзо направија и три гола предност. Во втората половина на првото полувреме, имаа зелено-белите и осум голови предност (14-6)., а на одмор заминаа со +5 (16-11). Второто полувреме рутински го одработија пелистерци и во ниту еден момент не му дозволија на Тиквеш да се понадева на изненадување. Напротив, на крајот Пелистер славеше со убедливи 10 голови разлика 35-25.

Богдан Радивојевиќ со 7 голови беше прв стрелец во победничката екипа, за која Денис Васиљев реализира пет. Кај Тиквеш, прв стрелец беше Срџан Мијатовиќ со 5 гола.

Сега Е. Пелистер има пет бодови повеќе од Вардар кој е втор, а осим од Алкалоид кој е трето пласиран. Битолчани сега мирно ќе може да го следат утрешното дерби во кое Вардар е домаќин на Алкалоид.

СУПЕР ЛИГА МАЖИ – ПЛЕЈОФ – 12.КОЛО
денеска
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ТИКВЕШ 35-25
БУТЕЛ – СТРУГА 34-20
утре
18:00 ВАРДАР – АЛКАЛОИД
19:00 ОХРИД – ПРОЛЕТ 62

ТАБЕЛА: Еурофарм Пелистер 35 бодови, Вардар 30, Алкалоид 27, Охрид 23, Тиквеш 19, Бутел 10, Пролет 6 и Струга 0.

СУПЕР ЛИГА МАЖИ – ПЛЕЈАУТ – 12.КОЛО
денеска

СКОПЈЕ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 30-34
04.мај – сабота
18:30 ПРИЛЕП – КУМАНОВО
09.мај – четврток
17:00 ГОЛДЕН АРТ КЛ7 – ВАРДАР НЕГОТИНО

ТАБЕЛА: Е. Пелистер 30 бодови, Куманово 29, Прилеп 27, Вардар Неготино 21, Мулти Есенс 17, Голден Арт 13, Скопје 6.