Аргентинскиот ас Лионел Меси продолжува со фантастичните настапи во дресот на Интер Мајами во американската МЛС лига.
Меси со два гола и две асистенции го предводеше својот тим до нова победа. Интер Мајами славеше на гостувањето кај Њу Ингланд со 4:1.
Иако домашните први поведоа преку Аргентинецот, Чанкалеј, во продолжението „шолуто“ ми припадна на Меси. Тој постигна два гола и имаше две асистенции. Со тоа стана првиот играч во историјата на МЛС лигата кој учествувал во головите на својот тим, повеќе од еднаш во пет последователни натпревари.
Инаку, досега ниеден играч во историјата на МЛС немал директно влијание на головите во првите 10 натпревари повеќе од него. Меси има вкупно 17 вакви ситуации, од кои девет постигнати гола и осум асистенции.
Натпреварот се одигра пред точно 65.612 луѓе, со што е срушен рекордот на „Зилет стадионот“ кога се во прашање фудбалските натпревари. Секако, причината е доаѓањето на Меси.
Билетите за овој натпревар беа во просек поскапи отколку за натпреварите на Њу Ингланд Патриотс во НФЛ лигата. За рагби натпреварите во просек треба да се потрошат 275 долари, а за гостувањето на Меси просечната цена беше 285 долари.