Атлетико Мадрид дојде до триумф против Атлетик Билбао во дербито од 33.коло во шпанската Ла Лига. Мадриѓаните со 3:1 го победија директниот ривал за Лига на Шампиони.
Во првото полувреме имаше израмнета игра. Родриго де Пол стрелаше за 1:0 во 15-та минута. На спротивната страна за Баскијците, погоди Нико Вилијамс и изедначи на 1:1.
Во вториот дел Атлетико Мадрид почна да доминира на теренот. Анхел Кореа во 52.минута повторно му донесе предност за домашниот тим сега со 2:1. Со автоголот на Унаи Симон за 3:1 Атлетико Мадрид ја потврди победата.
Со 64 бода Атлетико Мадрид се на 4-та позиција која води следната сезона во Лига на Шампиони. Директниот конкурент Билбао остана петти со 58 бода.