Во просториите на РФМ беа извлечени двојките за завршниот,,фајнал-фор” турнир во Купот на Македонија.
Во полуфиналето во машка конкуренција, актуелниот освојувач на Купот, Вардар за противник ќе го има вицепрвакот Алкалоид. Во второто полуфинале Тиквеш ќе игра против шампионат Еурофарм Пелистер.
Кој дамите. Бранителот на трофејот од лани, Куманово за противник ќе го има шампионот Ѓорче Петров, а во второто полуфинале ќе играат Вардар и Чаир.
Завршниот „фајнал-фор“ на програмата е од 17 до 19 мај.
Полуфиналните натпревари ќе се играат во термините од 17.00 и од 19.30 часот.
Дуелите за трофејот, односно финалињата ќе почнат од 16.00 дамите, а од 19 часот мажите.
Натпреварите ќе се играат во СЦ ,,Борис Трајковски” во Скопје.