Во женското кошаркарско првенство на Македонија, односно плејофот, попладнево ќе се одигра еден натпревар. Во Крива Паланка кај истоимената екипа, гостува составот на МЗТ Скопје Аеродром.
Домаќинките во овој меч ќе влезат со предност од 1:0 во победи, па доколку победат и денеска ќе се пласираат во полуфиналето. Составот на МЗТ Скопје ќе се обиде да се избори за мајсторка и да ја продолжи четвртфиналната серија.
Победникот од овој дуел, повеќе од јасно, во полуфиналето ќе игра против актуелниот шампион Баскет Кам. Тимот од Македонска Каменица е апсолутен фаворит во дуелот со Патриот, а тоа го докажа и на првиот меч што го доби со 101-52. Својот втор натпревар овие два тима ќе го играат во
Инаку познат е првиот пар за полуфиналето. Вардар против Куманово Гризли ќе се борат за место во големото финале. Ова откако вардарки во два дуели беа подобри од Пробаскет, а кумановската екипа славеше на двата меча со Бадел.
ПРВА ЛИГА (ЖЕНИ) – ПЛЕЈОФ
ЧЕТВРТФИНАЛЕ (втор натпревар)
25 април – четврток
20.00 КРИВА ПАЛАНКА – МЗТ СКОПЈЕ А. (1:0 во победи)
27 април – сабота
17.00 ПАТРИОТ – БАСКЕТ КАМ (0:1)
ПОЛУФИНАЛЕ
ВАРДАР – КУМАНОВО ГРИЗЛИ
Баскет Кам / Патриот – МЗТ Скопје А. / Крива Паланка