Екипата на Охрид од следната сезона се враќа во Втората кошаркарска лига. Ова официјално откако попладнево охриѓани загубија од Кожув со 55-89 во натпревар од претпоследното коло на плејаут конкуренцијата.
Без американските кошаркари беше јасно дека Охрид нема што да бара во овој натпревар. Освен воведните минути, се останато мина во знак на Кожув кој од минута во минута ја зголемуваше предноста. Во завршницата имаа и најголеми +40 гевгеличани, за на крајот да слават со +34 (89-55).
По овој пораз и дефинитивно Охрид неможе да се избори за 10-тото место во конечниот поредок на Првата лига, што обезбедуваше опстанок.
За него попладнево директна пресметка ќе имаат Вардар и Академија ФМП кои имаат идентичен „скор“. Дуелот во сала на „Независна Македонија“ во Кисела Вода ќе почне од 18 часот.