Дербито на четвртфиналната рунда во Западната конференција од НБА плејофот го играат Далас и ЛА Лејкерс. Ако во првиот натпревар тимот на Клиперс го „демолира“ Далас, сега екипата од Тексас возврати со тесна победа на гостински терен 93:96.
Кај домашниот тим по три неделна пауза се врати Каваи Ленард. Сепак тој не можеше да помогне. Каваи реализира постигна 15 поени и имаше седум скока, но Клиперси беа очајни во нападот. Со реализација од само 37% не можеа да му парираат на расположениот Далас.
А, гостите повторно ги предводеше Лука Дончиќ. Словенецот погодуваше и од невозможни ситуации, а заврши со 32 поени и девет асистенции. Карјри Ирвинг помогна со 23 поени и шест скока.
Во поразената екипа беше Пол Џорџ и Џејмс Харден постигнаа по 22 поени.
Далас направи „брејк“ и израмни на 1:1 во победи во серијата подобар до четири.
Следните два натпревари ќе се играат во Далас, а првиот во петок кон сабота во 2 часот по полноќ.