Фудбалерите на Црвена Звезда за само четири дена по втор пат го совладаа лутиот ривал Партизан.
Откако во саботата по голема драма го добија 173-тото „вечно дерби“ и направија голем чекор кон седмата последователна шампионска титула, сега беа подобри и во купот.
Црвена Звезда го совлада Партизан и обезбедија пласман во финалето на Купот на Србија.
Црвено-белите практично го решија прашањето на победникот по половина час игра. Со двата гола беше Петер Олајинка.
На патот на Црвена Звазда до освојување на куп трофејот, односно двојна „круна“ сезонава, ќе и стои Војводина која со 1-0 го победи тимот на Раднички.