Манчестер Јунајтед го совлада второлигашот Ковентри на пенали со 4:3 (3:3 по 90 минути) и се пласираше во финалето на ФА Купот на Англија каде ќе игра со градскиот ривал Манчестер Сити.

Лани во финалето за прв пат во историјата гледавме Манчестер дерби, во кое Сити беше подобар (2:1). Оваа година ќе биде втора година по ред и втор пат во историјата каде Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити повторно ќе се сретнат во финалето.

Јунајтед одигра одлично прво плувреме и со головите на Скот Мектоминеј и Хари Мегвајер дојде до водство од 2:0 пред паузата. Во вториот дел избраниците на Ерик Тен Хаг дојдоа и до трет гол кој го постигна Бруно Фернанеш во 58-та минута за „сигурни“ 3:0 со што се изгледаше готово.

Но, второлигашот Ковентри имаше одговор на сето тоа. Најпрво нивниот најдобар стрелец, Елис Симс, биеше за 3:1 во 71-та минута, само 8 минути подоцна истиот играч му асистираше на Калум Охер за 3:2, а за 3:3 и продолженија од пенал погоди Хаџи Рајт во 95-тата минута.

Неверојатно како „црвените ѓаволи“ успеаја да прокоцкаат три гола предност за само дваесетина минути игра.

По две продолженија по 15 минути во кои имаше шанси и на двете страни, останаа пеналите да одлучат кој ќе оди во финалето на ФА Купот.

Манчестер Јунајтед беше подобар во пенал-рулетот со Ковентри (4:2) и на 25 мај ќе игра со Манчестер Сити во големото финале.