Екипата на Манчестер Сити го совлада Челзи со минимални 1:0 на „Вембли“ и се пласираше во финалето на ФА Купот. Единствениот погодок на натпреварот во 84-тата минута го постигна Бернардо Силва.
Иницијативата во првиот дел беше на страната на Сити, но Челзи имаше три изгледни прилики за гол кои не ги искористи.
Поседот на топката во второто полувреме беше во нозете на „граѓаните“ кои притиснаа по голот на Ѓорге Петровиќ и во 84-тата минута конечно успеаја да го совладаат.
Имено, Бернардо Силва одлично ја пратеше топката која ја испрати Кевин Де Брујне и ја претвори во погодок за својот тим и водство од 1:0.
Челзи се обидуваше да возврати до крајот, но пресингот на избраниците на Гвардиола не им дозволи да креираат шанса за погодок. Крајниот резултат остана 1:0.
Манчестер Сити е првиот патник во финалето на ФА Купот. Неговиот противник ќе биде подобриот од Ковентри и Манчестер Јунајтед, кои играат утре со почеток од 16:30 часот.