Македонскиот шампион Ѓорче Петров во 20 коло од женската Супер лига одигра дерби дуел со екипата на Чаир. Ѓорче Петров се измачи сепак успеа да го совлада Чаир со 38:34. Со оваа победа Ѓорче е се поблиску до повторно освојување на титулата.
Тимот на Чаир на почетокот успеа да поведе со 4:1. Ѓорче не се откажа и во 11-та минута намали на 8:6. Домашната екипа ја одржуваа оваа предност иако Ѓорче се обидуваа да ја намалат негативата. Гостите во 19-тата минута дадоа напор и успеаја да намалат на 13:12. Екипата на Чаир успешно одржуваше оваа предност се до последната минута од првото полувреме кога Ѓорче со серија 2-0 израмни на 18:18.
Во првите пет минути од второто полувреме се играше израмнето и гол за гол. Ѓорче со серија 4-0 успеа за прв пат на натпреварот успеа да поведе со 26:22. Иако во неколку наврати Чаир се обиде да ја намали негативата не успеа будејќи гостите успешно ја одржуваа оваа предност. Ѓорче во 49-тата минута ја зголеми предноста на +6 (33:27). Но, Чаир не се откажа и со серија 4-0 намали на 33:31. Гостите повторно успеаја во 58-та минута да поведат со 37:32. По што крајниот резултат беше 38:34.
Најефикасни од Ѓорче Петров беа Јануловска Марија и Николовска Анастасија со седум погодоци, додека од Чаир Амела Џакмич даде осум гола.
Ивона Кимовска