Екипата на Работнички е првата што обезбеди пласман во полуфиналето на кошаркарскиот плејоф. во Првата машка лига. Работнички и по трет пат беше подобар од Феникс и со „чисти“ 3:0 ја доби четвртфиналната серија.

На натпреварот одигра вечерва во СЦ „Јане Сандански“ гостите од „Градски парк“ славеа со конечни 91-106.

Домашниот состав имаше сили да се спротивстави само во првиот дел. Но и во него Работнички оствари предност со четири поени (50-46). Третиот период беше решавачки, а во него Работнички реализира 34 поени и во последните 10.минути влезе со +19. Тоа беше знак дека последниот период ќе биде само чиста формалност па црвените на крајот славеа со конечни 106-91.

Робер Рикиќ со дабл-дабл со 24 поени и 10 скокови, заедно со ветеранот Стојан Ѓуровски кој постигна 18, беа првите стрелци во победничката екипи.

Рабонички веќе утре може да го добие противникот за полуфиналето. Ова под ислов Пелистер да слави на гостувањето во Кавадарци, кај Еуро Никел. Битолчани ги добија првите два натпревари на домашен терен, а ги дели уште еден од полуфинале.

Во иста ситуација е и шампионот МЗТ Скопје кој попладнево по втор пат беше подобар од Гостивар.

најмалку уште два натпревари ќе играат екипите на ТФТ и Шкупи кои остварија по една победа на првите два дуели.

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – ПЛЕЈОФ ЧЕТВРТИНАЛЕ
сабота

МЗТ СКОПЈЕ А. – ГОСТИВАР 89-67 (2:0 во победи)
ФЕНИКС – РАБОТНИЧКИ 91-106 (0:3 во победи)
недела
12.30 ТФТ – ЧАИР (1:1)
18.00 ЕУРО НИКЕЛ – ПЕЛИСТЕР (0:2)
сабота (20 април)
19.00 ГОСТИВАР – МЗТ СКОПЈЕ А. трет натпревар (2:0)