Во кошаркарскиот шампионат на Македонија во машка конкуренција, викендов продолжуваат натпреварите од четвртфиналната рунда во плејофот.

Во СЦ „Јане Сандански“ вечерва двојна програма.

Поради обврските во АБА2 лигата на актуелниот шампион МЗТ Скопје, дуелот број два меѓу аеродромци и Гостивар ќе се игра попладнево од 18 часот. Актуелниот првак има предност од 1:0 во победи во серијата подобар до три триумфи.

А, екипата на Работнички ќе ја има првата „меч топка“ за полуфиналето. Тимот од „Градски парк“ има водство од 2:0 во дуелот со Феникс кој вечерва ќе ја има улогата на домаќин во натпреварот број три. Тој натпревар ќе почне во терминот од 20.30 часот.

За в недела закажани се преостанатите два натпревари во кои Пелистер со 2:0 предност гостува во Кавадарци, а ТФТ и Чаир имаат по една победа во меѓусебната пресметка.

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – ПЛЕЈОФ ЧЕТВРТИНАЛЕ
Сабота
18.00 (1) МЗТ СКОПЈЕ А. – ГОСТИВАР (1:0 во победи)
20.30 ФЕНИКС – РАБОТНИЧКИ (0:2)
недела
12.30 ТФТ – ЧАИР (1:1)
18.00 ЕУРО НИКЕЛ – ПЕЛИСТЕР (0:2)