Македонските тенисерки денеска имаат слободен ден на турнирот во Вилнус, во Втората Евро-африканска зона од „Били Џин Кинг“ купот.
Со победа над Естонија и поразот од Хрватска, Македонија завршија на 2-то место во А групата.
Во продолжението Македонија ќе разигрува за пласман од 4-6,несто, со второпласираните селекции од другите две групи, а тоа се Грузија и Израел.
Македонските тенисерки денеска (четврток) имаат слободен ден, бидејќи во првиот меч од групата играат Грузија и Израел.
Ваквиот распоред значи дека Македонија ќе игра мечеви во петок и сабота со овие две селекции. По кој распоред ќе играат нашите тенисерки, биде познато по завршувањето на дуел Грузија – Израел.