По три години без да бидат извлечени заедно, две екипи со значајна историја се среќаваат во француската престолнина. ПСЖ и е домаќин на Барселона во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите на „Паркот на Принцовите“.
Избраниците на Луис Енрике во осминафиналето рутински го совладаа Реал Сосиедад со вкупни 4:1 на двата натпревар. Барселона пак победи со севкупни 4:2 во осминафиналето со италијанскиот шампион Наполи.
Овој натпревар има големо значење за двата клуба, бидејќи тие влегуваат со значителен степен на неизвесност во блиска иднина. Имено, ова натпреварување е последниот обид на Килијан Мбапе да му го донесе на неговиот матичен клуб трофејот во Лигата на шампионите што толку многу го посакува пред да замине летово, најверојатно за главниот ривал на Барселона, Реал Мадрид.
Во меѓувреме, поранешниот легендарен играч од средниот ред на Барса и моментален нејзин тренер, Чави, заминува по крајот на оваа сезона и има голема желба да го подигне овој трофеј за да остави впечаток во хиерархијата на клубот во кого се води за една од најголемите легенди.
Првиот четвртфинален натпревар меѓу ПСЖ и Барселона ќе се одигра вечерва со почеток од 21:00 часот.