Женската фудбалска репрезентација на Македонија попладнево ќе го игра вториот натпревар во квалификациите за Европското првенство 2025-година. Македонските фудбалерки ја пречекуваат репрезентацијата на Словенија во натпревар што ќе се игра во Скопје.
По победата над Летонија на гости, македонските фудбалерки во позитивна атмосфера, го чекаат денешниот дуел со Словенките.
И тие во првата рунда тргнаа со победа и тоа против Молдавија, а ја имаат и благата улога на фаворитки.
Оттаму овој дуел може да се покаже како решавачки за првата позиција во Ц2 конкуренцијата иако има уште многу да се игра.
Натпреварот Македонија – Словенија ќе се игра на тренинг центарот „Петар Милошевски“ крај ФФМ, а ќе почне од 15 часот.