Аргентинскиот ас Лионел Меси по речиси едномесечна пауза се врати на теренот и веднаш постигна гол. Меси беше стрелец за својот тим Интер Мајами во дуелот против Колорадо што заврши без победник 2-2.
Гостите во последната минута од првиот дел победа со 0-1 со голот на Наваро од пенал.
На стартот на второто полувреме Меси влезе во игра, а му беа потребни само осум минути да ја затресе противничката мрежа. Веќе во 60-тата минута Леонардо Алфонсо му донесе водство на Интер Мајами од 2-1. Сепак, тимот на Колорадо преку Басет во 88-та минута успеа да израмни на 2-2 и да освои бод.
Екипата на Интер Мајами има 12 бодови и е во групата од четири екипи кои се од второто до петтото место на табелата во Источната конференција. Лидер е Њу Јорк со два бода повеќе.